Возачот на Ферари Себастијан Фетел ја освои трката за Големата награда на Бахреин пред двајцата возачи на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Фетел по две трки има максимални 50 бода. Покрај Фетел, возач на денот е Гасли од Торо Росо кој го освои четвртото место.
Германецот, во последните кругови, водеше голема борба со Ботас, но успеа да се одбрани од нападите на Финецот. Четирикратниот светски првак ја забележа 49.победа во кариерата.
Трката целосно да мине во знакот на Ферари се „погрижја“ механичарите на овој тим, кога во 46.круг лошо го одработија менувањето на гумите кај Раиконен. Кими мораше да се откажа, а успеа и да повреди еден од механичарите.
Механичарот со полесни повреди беше веднаш хоспитализиран.
Покрај Фетел, Ботас, Хамилтон и Гасли бодови во Бахреин освоија уште Магнусен, Хулкенберг, Ериксон, Алонсо, Вандорн и Грожан.
Во вкупниот пласман Фетел има 17 бодови повеќе од Хамилтон (33 бода), трет е Ботас со 22, а на четвртото место е Алонсо со 16 бода.