Top Sport

Фетел: Во Формула 1 луѓето се многу кратковиди

Пилотот на Ферари, Германецот Себастијан Фетел (32) го имаше најдоброто време во првата слободна тренинг сесија пред трката за Големата награда на Германија која викендов ќе се вози на „Хокенхајм“.

Зад него останаа Шарл Леклер од Ферари и Луис Хамилтон од Мерцедес. Температурата на патеката на почетокот на сесијата изнесуваше 40, а на крајот се искачи до 48 степени.

Претходно Фетел се покажа како свој најголем критичар пред Гранд-при трката во Германија. Забелешките кој Фетел од почетокот на сезонава значително се зголемија, особено со оглед на тоа што четирикратниот освојувач на Формула 1 сезонава нема победа.

„Ако земам погрешно решение и направам грешка, не можам да бидам среќен со тоа. Тензијата, под која сам се поставувам, е далеку поголема од сите други надворешни фактори. Работите отсекогаш биле вакви, откако јас се сеќавам. Мислам дека сите знаеме дека Формула 1 е спорт во кој луѓето се многу кратковиди, но тоа е дел од играта. Очигледно, оваа година не се развиваше начинот на кој сакавме, ако ги земем предвид претходните две. Сепак, мислам дека има напредок во вистинската насока и со оглед на поголемата слика“ – рече Фетел.

Scroll to Top