Top Sport

ФИФА пресуди, Кардиф мора да му плати на Нант за Сала

Трагедијата на аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала кој загина во авионска несреќа на почетокот на годинава тогаш го воодушеви фудбалскиот свет, а веднаш потоа тргна војната меѓу Нант и Кардиф.

Англискиот клуб е должен да му плати на тимот од Франција за трансферот на Сала.

ФИФА денеска конечно пресече, Кардиф треба на Нант за почеток да му плати 6 милиони евра, како прва рата од трансферот. Висината на целиот трансфер е 18 милиони евра.

Кардиф ќе има право на жалба пред Судот за арбитража и спорт во Лозана.

Сала загина на 21 јануари годинава само неколку часа откако го потпиша новиот договор. Тој со мал приватен авион тргна назад кон Нант за да ги спакува потребните работи и да се поздрави со соиграчите.

Неговото безживотно тело беше пронајдено во морето по скоро 2 недели потрага.

Scroll to Top