Top Sport

Филип Кузмановски пред трансфер во Вецлар

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски е пред трансфер во Вецлар, пренесуваат германските медиуми.

Кузмановски е член на Хановер, но нема голема минутажа, па би можел да замине од клубот шест месеци пред истекот на договорот.

Доколку се оствари соработката со Вецлар, таму би му се придружил на Филип Миркуловски, кој е асистент во стручниот штаб на Хрвоје Хорват.

Филип Кузмановски ја стартуваше кариерата во Пелистер, а потоа дојде во Металург каде се разви во македонски репрезентативец. Интернационалната кариера во Германија ја почна во Магдебург, а во 2020 година дојде во Хановер.

Scroll to Top