Top Sport

Фиорентина во последните десетина минути му даде три гола на СПАЛ (видео)

Тимот на Фиорентина забележа убедлива победа од 4-1 на гостувањето кај СПАЛ во рамки на 24. коло од италијанската Серија А иако „виолетовите“ отпорот на домаќините го разнишаа дури во 79 минута.

Андреа Петања донесе водство за СПАЛ во 36 минута, гостите преку Едмилсон Фернандез израмнија за реми на полувремето.

Фиорентина беше подобриот противник во второто полувреме, а таквата игра вроди со плод во 79 минута кога преку Џордан Верету тимот од Фиренца стигна до предност од 2-1.

Тогаш домаќините тргнаа на се или ништо, па најпрво Симеоне зголеми на 3-1 во 81 минута, а конечниот резултат беше дело на Герсон во 88 минута од мечот.

Scroll to Top