Top Sport

Физичари анализирале: Меси шутира слободни удари со т.н. Магнусов ефект!

Лионел Меси во кариерата од слободен удар постигнал 46 гола, а само оваа сезона има дадено 12. Тоа досега не му успеало на ниеден клуб, а не пак на играч во топ 5 лигите во Европа во последните 16 месеци.

За многу играчи, како Жунињо или Роналдињо се зборуваше дека слободниот удар е половина гол, но во моментов никој не изведува слободни како Меси.

Техниката на Аргентинецот ги излудува голманите во Шпанија и во Европа, па неговите слободни удари ги анализирал институтот за физика во Барселона.


Можеби Лео не знае, но научниците заклучуваат дека „десетката“ на Барса го користи таканаречениот Магнусов ефект.

Се работи за феномен со кој ротацијата на топката наеднаш почува да го менува правецот, односно почнува да паѓа откако ќе ја шутне. На сличен начин многумина ги изведуваат слободните, но Меси вовел некои детали кои ударите ги прават совршени, сметаат физичарите.

Ногата со која Меси не шутира обично се наоѓа на 50 стаплки од топката и таа потполно му е на земја, а ротацијата на предното рамо е спротивно од насоката на движење на топката, па затоа ударо добива совршена ротација.

Се вели дек Меси техниката ја усовршува цела кариера, па затоа не е чудно што сезонава дал повеќе гола од слободен удар за разлика од претходните. Многу ретко шутира покрај живиот ѕид.

Scroll to Top