Скандал се појави на Купот на конфедерации кој се игра во Египет.
Фудбалскиот репрезентативец на Египет, играчот на грчки ПАОК, Амр Варда денеска е исфрлен од селекцијата откако две девојки на социјалните мрежи објавија компромитирачки фотографии, видеа и пратени пораки преку „ватс-ап“, пренесуваат домашните медиуми.
#AmrWarda pic.twitter.com/3ziKUJzos5
— Giovanna Val (@SangreDeLeyenda) June 26, 2019
Варда е обвинет за сајбер сексуално вознемирување на повеќе жени. Прва тврдењето дека е мета на сексуално вознемирување го обелодени египетско-британската манекенка, Мерхан Келер која тврди дека Варда и испратил непристојни и агресивни пораки кои не и се допаднале, пренесува „ББС“.
Egypt have expelled Amr Warda from their #AFCON squad for disciplinary reasons.
“Social media conversations between Warda and many women were released after Egypt’s game against Zimbabwe.”
Read: https://t.co/mMr7JXa2qY pic.twitter.com/Vh4vRNG75T
— BBC Sport (@BBCSport) June 26, 2019
Според тврдењето на дел од девојките, Варда со уште двајца неименувани колеги од репрезентацијата ги повикал во хотелската соба.
„Кога тоа го одбивме, стана агресивен, исто како и останатите двајца. Одвратно се однесуваа со мене“ – рекла девојката.
Египетската фудбалска федерација порача дека отпуштањето на Варда значи дека Египет Купот на конфедерации ќе го продолжи со 22 играчи.
Се очекува целиот случај да биде расчистен на суд.
https://youtube.com/watch?v=whh48JJmyGA