Top Sport

Фудбалскиот свет ја коментира „утката“ на Роналдо (видео)

Фудбалерите на Јувентус синоќа лесно стигнаа до нова, убедлива победа во Серија А. Овојпат со 4-0 настрада Лече.

Португалскиот ас, Кристијано Роналдо во 53 минута имаше асистенција до Дибала за 1-0. Во 62 минута и самиот погоди, од белата точка за 2-0.

Сепак, фудбалскиот свет на големо го коментира неговото промшување со глава од само неколку метри од гол-линијата, во 41 минута, при резултат 0-0. Потполно некарактеристично за него, го префрли целиот гол.

Погледнете:

Juventus 0 – 0 Lecce – Ronaldo big miss 41′ from soccer

Scroll to Top