Ракометниот бунделигаш, Фуксе Берлин ја изненадува светската ракометна јавност со изборот на тренер за идната сезона.
Актуелниот тренер на ТУСЕМ Есен, 25-годишниот Јарон Сиверт идната сезона ќе седне на клупата на „лисиците“ од Берлин во чии редови сезонава настапуваат екс-вардарците Дејан Милосављев и Мијајло Марсениќ.
Сиверт настапуваше за берлинската екипа до 2017 година, но тогаш реши да се повлече од активното играње ракомет за да „заплови во тренерските води“.
Младиот тренер на клупата на клубот кој во минатото е победник на ЕХФ Купот, доаѓа на местото на Велимир Петковиќ.
Моментно, по 10 одиграни кола во Бундеслигата, Фуксе Берлин е на осмата позиција со 6 победи и 4 порази.
Jaron Siewert übernimmt zur neuen Saison die Cheftrainerposition! #handball #berlin #unserrevier https://t.co/5rmkUz3Y1N pic.twitter.com/8Fdq1ARAnL
— Füchse Berlin (@FuechseBerlin) October 29, 2019