Англиски Фулам одбил високи 55 милиони евра за српскиот фудбалер Александар Митровиќ, јавува британски „Сан“.
Според информациите, клубот не сакал да размислува за продавање на голгетерот во кинески Гвангжу Авангард затоа што на малиот лондонски клуб му претстои грчевита борба за опстанок.
Клубот од „Кревен котиџ“ има големи очекувања од напаѓачот за кој му плати 25 милиони евра на Њукасл.
Фулам моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата во Премиер лигата со 14 бодови на 21 натпревар.
Митровиќ сезонава постигна 8 гола.