Top Sport

Габри остана без трофејот со кој го „размонтира“ Тотенхем

Некогашниот фудбалер на Арсенал, Серж Габри имаше меч за паметење во Лондон, против Тотенхем, во второто коло од фудбалската Лига на шампиони.

Синоќа 24-годишниот крилен фудбалер на Баерн Минхен го „размонтираше“ Тотенхем нагости во победата на Баварците од 7-2. Тој беше стрелец на 4 гола.

Признанија и комплименти стигнаа од сите страни, но славјето на играчите на Баерн непосредно по мечот беше во најмала рака чудно.

Најпрво Никлас Суле на необичен начин му „честиташе“ на Габри за одличната партија, со лизгачки старт, а потоа Хави Мартинез го шутна трофејот на Габри во публиката. Топката со која младиот играч четирипати заврши во мрежата на Лорис заврши кај некој среќен гледач.

Сепак, сите овие честитки Габри ги прифати со насмевка, нема сомнеж дека меѓу Баварците владее одлична атмосфера.

Scroll to Top