Тренерот на Милан, Џенаро (Рино) Гатузо како играч беше бескомпромисен борец и тотален лудак. Не е многу променет и сега, во улога на тренер.
Некогашниот фудбалски репрезентативец на Италија, Џанлука Ѕамброта кој од 2008 до 2012 беше член на Милан во интервју за „belN Sports” раскажа сочен детал од минатото со Гатузо.
„Врнеше силен дожд во „Миланело“, се беше натопено со вода, а полжави без куќички имаше на сите страни. Каха Каладзе (екс-грузиски фудбалер, некогашен член на Милан) се сврте кон Гатузо и му рече: Ќе ти дадам 5.000 евра ако изедеш полжав! Рино кратко се замисли, па рече: 5.000? По што зема еден полжав и го голтна“ – раскажа Ѕамброта.