Top Sport

„Газета дело спорт“: Ракитиќ оди во Интер за 40 милиони евра

Хрватскиот фудбалер за врска, Иван Ракитиќ е се поблизу до трансфер во редовите на милански Интер ова лето за 40 милиони евра, пренесува италијанска „Газета дело спорт“.

Според информациите, Интер прво нудел 35 милиони, а Каталонците барале 10 милиони повеќе, по што двата клуба се нашле на средина, па сега ги делат ситници за договорот да биде официјализиран.

Челниците на Интер, Џузепе Марота и Пјеро Аусилио тајно одржале состанок со колегите од Ноу Камп, по што најнапред договорен е тригодишен договор за Хрватот.

Ракитиќ за 4,5 години поминати како член на Барса освои три титули во Примера, еден трофеј во ЛШ, 4 Купа на кралот, два Суперкупа на Шпанија, УЕФА Суперкуп и Светско клупско првенство.

Во текот на кариерата Ракитиќ беше дел и од Севилја, Шалке и Базел.

Scroll to Top