Top Sport

„Газета“: Донарума си оди од Милан, го чекаат Ливерпул, Јуве, Реал и ПСЖ

Со заминувањето на Звонимир Бобан, од Милан, се чини започнува турбулентен период во Милан. Пред заминување е и Паоло Малдини, а според пишувањата на „Газета дело Спорт“, директорот Иван Газидис по завршетокот на сезоната ќе му се заблагодари и на Златан Ибрахимовиќ.

Веќе неколку години менаџерот Мино Раиола сака 21-годишниот прв голман на „Росонерите“, Џанлуиџи Доанарума да го тргне од „Сан Сиро“ со изговор дека „првата единица“ на Италија не може веќе да напредува во редовите на седумкратниот европски шампион.

„Газета“ пишува и дека Манчестер Јунајсте и Сити, Евертон, Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ се заинтересирани за голманот кој е под договор со Милан до летото 2021 година.

Неговата моментна вредност според „Трансфермаркт“ е околу 55 милиони евра.
La Gazzetta: “Donnarumma to exit Milan with no contract renewal”.
PSG-Premier League potential destinations for the keeper.https://t.co/CibA8kTZcx
— AS English (@English_AS) March 19, 2020

Scroll to Top