Ракометните селекции на Хрватска и Германија досега одиграле 11 меча на големите натпреварувања, вечерва во Виена, во „Штадхале“ во 20.30 часот ќе биде нивиот 12-ти меч. Хрватска досега победила седумпати, трипати славеле Германците, а еден меч завршил нерешено.
Доколку Хрватска загуби вечерва, ќе има шанса за поправен против Шпанија, но доколку Германија биде поразена, за нив ќе завршат сите шанси за полуфинале.
„Се е отворено, знаеме дека ќе играме против моќен противник со доста квалитетни поединци. Ние мора да пружиме дисциплинирана игра, со упорност, трпеливост и залагање во целиот меч“ рече селекторот на „коцкастите“, Лино Червар.
Хрватите на овој меч гледаат како на прва меч топка до зацртаната цел – полуфинале.
„Ова ни е најважниот меч на турнирот, ако победиме, во полуфинале сме. Лани игравме со Германците и изгубивме со гол разлика, двапати лани од нив губиме со гол разлика, сите мечеви беа тесни и со мал број голови, мисла дека таков меч не чека и денес“ – рече играчот на Кил, Домагој Дувњак.
За играта на Хрватска на вечерашниот меч многу ќе зависи и од играта на Лука Циндриќ
„Ја темпирав формата баш за овие три последни меча во групата од вториот круг. Добро се чувствувам и силно сум мотивиран против нив оти лани не можев да играм против нив поради повреда“ – рече Циндриќ.
Во другите два меча од истата група во која се Хрватска и Германија, лидерот на табелата Шпанија од 18.15 часот ќе игра против ко-домаќинот Австрија, додека од 16 часот е дуелот меѓу Белорусија и Чешка.