Top Sport

„Ѓаволски“ хет-трик на Марсијал, прв по ерата на Фергусон (видео)

Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ вечерва стигна до три бода против екипата на Шефилд Јунајтед во рамки на 31. коло во Премиерлигата.

Иако „ѓаволите“ од почетокот на мечот започнаа со двете најзвучи имиња во составот, Пол Погба и Бруно Фернандеш, сепак славата им ја зема Антони Марсијал кој ги постигна сите три гола за домашниот тим. Со тоа Французинот стана првиот играч по ерата на Фергусон кој погодил трипати на еден меч.

Водството на својот тим го донесе во седмата минути, а во 44 минута погоди за 2-0. Точка на мечот стави во 73 минута кога со одличен лоб-удар го матираше противничкиот голман.

На останатите мечеви во истиот термин, Вулверхемптон со минимални 1-0 славеше против Борнмут, стрелец на погодокот вреден 3 бода беше Хименез.

Њукасл на својот стадион ремизираше против Астон Вила (1-1), а Евертон минимално со 0-1 славеше кај „фенерџијата“ Норич.



Scroll to Top