Top Sport

Ѓоковиќ како брз воз против Андерсон закажа финале со Зверев

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е противникот на Александар Зверев во утрешното финале на Мастерсот во Лондон откако вечерва Србинот како брз воз го прелета Кевин Андерсон завршувајќи го полуфиналето со 2:0, по гемови 6:2 и 6:2.

За Ѓоковиќ ова беше 8 полуфинале на завршните турнири, а утре ќе го игра победата го носи во седмото финале за титула. Досега има пет титули од финален турнир, утре ќе ја брка шестата.

Во првиот сет, со два брејка, еден на стартот и еден во финишот, Ѓоковиќ стигна до водство од 1-0 (6-2), а во вториот, Андерсон повторно немаше решение за првиот рекет на АТП и заврши со истиот резултат.

Големото финале утре во „О2“ Арена” во Лондон е закажано за 15 часот.

Scroll to Top