Top Sport

Ѓоковиќ со честитки до Модриќ: Апсулутно заслужено, ова е горд момент за цел наш регион!

По бројните честитки кои добитникот на Златната топка, Хрватот Лука Модриќ ги доби во изминативе денови, стигна честитка и од големиот спортски џентлмен и моментно најдобар тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ.

„Сите честитки до драгиот Лука Модриќ за освоената „Златна топка“. Апсолутно заслужено. Ова е горд момент за цел наш регион кој го доби најдобриот фудбалер во светот“ – напиша Новак на неговиот Твитер профил.

Не е никакво изненадување фактот што Србин му честита на Хрват ако се знае дека Ѓоковиќ во текот на Светското првенство во фудбал во Русија цело време ја поддржуваше репрезентацијата на Хрватска.

Scroll to Top