Top Sport

Ѓоковиќ уживал во сарма, ајвар и кисела зелка

По освојувањето на турнирот во Дубаи, најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ се врати во родната Србија и со сопругата Јелена реши енергијата да ја надополни во обиколка на земјата.

Двајцата обожуваат планинарење, па ја искористиле приликата да прошетаат на планината Ртањ.

Српски „Телеграф“ информира дека брачниот пар Ѓоковиќ ги воодушевиле вработените во хотелот во кој биле сместени со својата природност.

Шефот на кујната во хотелот бил воодушевен што можел да подготвува храна за еден од најголемите спортисти во светот.

„Повеќето вработени имаа можност да разговараат со Новак и Јелена. Покрај сите турнири и награди, тој е неверојатно природен и културен, па навистина го заслужува местото на кое во моментов се наоѓа, на врвот. Како и сите успешни спортисти, семејството Ѓоковиќ се храни здраво и квалитетно. Се трудевме да им ги задоволиме вкусовите. Уживаа во домашните специјалитети, како сарма, сармички од лозов лист, ајвар, кисела зелка“ – рече главниот готвач.

Scroll to Top