Top Sport

Ѓоковиќ во солзи: Не плачам за поразите, се потсетив на детството (видео)

Новак Ѓоковиќ настапот на сопствениот егзибициски турнир „Адрија турнеја“ во Белград на неговите терени го заврши со победа над Алекс Зверев, но и без пласман во финалето, по што необично заврши во солзи и го „прати“ Филип Крајиновиќ во финалето.

Емотивниот светски рекет број 1 објасни зошто завршил во солзи.

„Еден од нашите е во финале. Беше емотивно последните неколку дена, сакам да се заблагодарам на сите кои го поддржија ова натпреварување и на сите кои дојдоа. Не плачам за поразите и за финалето, туку имам некој наплив на емоции и се потсетив на детството“, вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ го победи Зверев, но во финалето ќе игра Крајиновиќ

Scroll to Top