Top Sport

Главниот спонзор на Јунајтед се повлекува, 465 милиони за ваков тим се премногу

Одамна вака не било во Манчестер Јунајтед. Криза на теренот, криза во Управата. Најновиот удар за „цевените ѓаволи“ доаѓа од главниот спонзор – Шевролет.

Медиумите на Островот пишуваат дека од Шевролет решиле, по 5 години, да се повлечат од спонзорирањето на Јунајтед.
Образложението е дека вложувањата во висина околу 465 милиони евра за период од 7 години не соодветствуваат со успесите на клубот.

Од 2014, кога Американците го „залепија“ нивното лого на предниот дел од дресот на Јунајтед, освоени се само Лига Европа, ФА куп и Лига куп, додека „ѓаволите“ не беа ниту близу до освојување титула во ПЛ или, пак во ЛШ.

Според пишувањата на „Тајмс“, Американците увиделе дека го преплатиле кубот, дека парите кои ги дале за реклама не ја следат репутацијата на клубот која ја има во изминативе години, посебно откако Сер Алекс Фергусон не е на чело на екипата.

„Од почетокот работата беше осудена за пропаст. Чувствувавме дека на Манчестер му дадовме повеќе пари отколку што требаше и работите никогаш не можат да се вратат на рамниште како што се заслужува“ – наводно изјавил инсајдер од Шевролет.

Договорот на Шевролет со Јунајтед истекува во 2021 година, а потоа клубот ќе мора да си бара нов спонзор.

„Манчестер нема тим, едноставно нема доволно добри фудбалери. Од првите 11 кои играа на последниот меч со Њукасл, тројца, најмногу четворица би можеле во иднина да го носат дресот на Јунајтед“ – изјави екс-репрезентативецот на Англија, Мајкл Овен.

Scroll to Top