Тимот на Вестерн Сиднеј во австралиската фудбалска лига остана без 2 бода по катастрофалната грешката на голманот на својот тим, Хрватот Ведран Јањетовиќ (31) на гостувањето кај екипата на Бризбејн.
Се играше 95 минута, гостите од Сиднеј водат со 1-2, па за да потроши дел од престанатото време од мечот, Јањетовиќ по грешка ја допре топката која одеше во гол аут.
Следуваше корнер за домаќините и гол во 96 минута за нерешен исход на дуелот, 2-2. Интересно е што домаќините и првиот гол го постигнаа во судиското надополнување, во 92 минута.
https://youtube.com/watch?v=t_SBB2axBjY