Top Sport

Го купија за 10, не го даваа ниту за 70 милиони фунти – Вилфред Заха

Вилфред Заха (26) останува играч на Кристал Палас и оваа сезона. Играчот кој беше мета на Арсенал („топчиите“ за него нудеа 52 милиони фунти) и на Борусија Дортмунд, сепак остана во Палас.

Играчот кој од Манчестер Јунајтед дојде за само 10 милиони во 2013, сега Челниците на Палас не сакаа да го продадат ниту за 70 милиони фунти. Таа сума ја понуди Евертон, но безуспешно.

Лондонскиот клуб денеска, пред да биде завршен преодниот рок, соопшти дека Заха останува во истиот клуб, па сега останува на менаџерот на тимот, Рој Хоџсон да успее да го мотивира да ги прикажува партиите од минатата сезона.

„Тој е важен играч за нашиот клуб и очекуваме од него да игра како во минатите две сезони. Тој е професионалец и има добри односи со сите во тимот. Во кавга е само со претседателот и сопствениците на клубот, затоа што сакаше да оди, а тие добија понуда која не ги задоволи. Се надевам дека ќе се помири со фактот дека барем уште една сезона ќе е со нас“ – изјави Хоџсон.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска има договор со Кристал Палас до 2023 година.

Scroll to Top