Top Sport

Го нападнаа Џеко зошто слави Божиќ, жена му со затка на устата на душегрижниците (фото)

Најрадосниот христијански празник – Божиќ, кој се одбележува ширум светот се одбелеува и во домот на фудбалерот на Рома, Босанецот Един Џеко и неговата сопруга Амра Силајџиќ.

По фотографиите што Џеко ги објави на Инстаграм, со сопругата и новогодишната елка, се појавија на социјалните мрежи негативни коментари за тоа што тие се муслимани, а одбележуваат христијански празник.

Жолчната расправа и критиките ги запре Амра со нејзин коментар:

„Ние не го славиме Божиќ, но многу ја сакаме оваа традиција, елка, пакетчиња. Се сакаме и шириме љубов секој ден, така ги учиме и нашите деца“.

Scroll to Top