Top Sport

Го навредуваа Салах на верска основа, се бара доживотна забрана на стадион (видео)

Премиерлигашот Вест Хем покрена истрага за расистичите пораки што навивачи на „чеканите“ му ги упатија на египетскиот фудбалер, Мохамед Салах.

На социјалните мрежи се појави видео снимка на која се слушаат навредливите провокации на навивачите, пред салах да го изведе корнерот на мечот одигран во источен Лондон во рамки на 25 коло од Премиерлигата.

Во соопштението од Вест Хем стои дека „не постои никаква толеранција за насилно и злоставничко однесување“. Од клубот соопштуваат и дека „секој кој ќе биде идентификуван за навредите, ќе добие доживотна забрана од стадионот“.

Навивачот кој видеото го поставил на социјалните мрежи вели дека е згрозен од вулгарностите.

„Одвратно ми е тоа што го чув. Такви луѓе не заслужуваат место во нашето друштво, ниту на фудбалските натпревари“ – вели тој.

Погледнете го видеото:

Scroll to Top