Top Sport

Голеада на „Олимпико“ во Рим, СМС спаси бод за Лацио (видео)

Во последниот натпревар од 37 коло во Серија А на „Олимпико“ во Рим фудбалските вљубеници уживаа во 6 погодоци. Лацио ремизираше против Болоња 3-3.

Домашните поведоа со голот на Кореа во 14. минута. Но во вториот дел фудбалерите на Србинот Синиша Михајловиќ со двата гола во режија на Поли и Дестро донесоа резултатски пресврт.

Бастос им носи израмнување на домашните 2-2.

Болоња повторно поведе преку Орсолини. Но тоа не беше се.

Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ со гол од слободен удар ги постави конечните 3-3.

Scroll to Top