Top Sport

Големиот Хицфилд со поддршка за Ковач: Нико ќе победи, само Баерн да му даде време!

Големиот фудбалски тренер кој беше првак на Европа со екипите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Швајцарецот Отмар Хицфилд му даде поддрша на тренерот на Баварците, Нико Ковач.

Хицфилд самиот вели дека го напуштил кормилото на Баерн поради „голема депресија и согорување на притисок во клубот“, но смета дека Нико Ковач, чија фотелја се ниша по серијата слаби резултати на клубот, ќе излезе како победник во целата ситуација.

„Нико ќе победи, осеќам дека е ја совлада оваа тешка ситуација затоа што го познавам и како играч и како тренер. Се сеќавам кога ја презема репрезентацијата на Хрватска во многу тешка ситуација, со пласман на СП под знак прашалник. Тогаш успеа со пресврт да ја среди ситуацијата иако ништо не му одеше во корист. Направи добра работа и докажа дека знае да работи со ѕвезди. Се надевам дека Баерн ќе му даде време“ – вели Хицфилд.

Scroll to Top