Top Sport

Големо признание: Иван Тричковски e фудбалер на сезоната во Кипар

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски кој „фудбалскиот леб“ го заработува во тимот на АЕК Ларнака е избран за најдобар играч во сезоната во Кипар. Тричковски ова ласкаво признание го доби по избор на тренерите во кипарското фудбалско првенство.

Македонскиот голгетер сезонава имаше фантастичен учинок, 24 гола на 39 меча, а дел од сезоната ја пропушта поради повреди. Тој во моментов не настапува затоа што ја санира повредата поради која најверојатно ќе ги пропушти јунските предизвици на нашата најдобра селекција во дуелите со Полска и Австрија.

Тричковски сезонава со својот тим беше дел од групната фаза од Лигата на Европа.

Наградата ќе му биде доделена в понеделник на свечена церемонија.

Scroll to Top