Top Sport

Голман на Брајтон „ја брани“Австралија, собра 28.000 долари за пожарите

Голманот на премиерлигашот Брајтон, Австралиецот Метју Рајан продолжи со сјајните одбрани во најсилната фудбалска лига на Островот (можеби и во Европа). Тој ја зголеми донацијата за својата татковина која се мачи со силни пожари, па сега таа изнесува 28.000 долари.

Рајан се приклучи на големата акција на спортистите ширум светот па одлучи за секоја негова одбрана да донира по 500 долари. До сега има 56 успешни интервенции.

Колку добро брани сезонава во Брајтон покажува и податокот дека има просек од 5,6 одбрани по меч. На последниот дуел на Брајтон со Евертон („Карамелите“ славеа со 1-0) Рајан дури петпати добро интервенираше пред сопствената мрежа.

„Им благодарам на сите за неверојатната поддршка која ја добивам поради ситуацијата во татковината. Благодарен сум што многу луѓе помагаат“ напиша Рајан на Твитер.


Голманот е еден од многуте спортисти кои помагаат за Австралија. Меѓу нив се и Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Ник Кирјос, Јанис Адетокумбо, Марија Шарапова и многу други.

Рајан во следниот меч против тимовите на Астон Вила, Вест Хем и Вотфорд ќе може да го подобри паричното салдо за помош на Австралија.

Scroll to Top