Top Sport

„Гостинска вечер“ во ЛШ, од 5 меча има четири „двојки“ и една „нула“

Вечерва се одиграа пет меча од третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампиони на УЕФА, а убедливо поуспешни беа гостинските екипи. Од петте меча, на четири славеа гостите и се стекнаа со важна предност пред реваншите, а еден од мечевите заврши нерешено.

Во Русија тимот на Краснодар загуби со 0-1 од тимот на Порто. Стрелец на единствениот гол беше Серџо Оливеира од слободен удар во 89 минута од мечот.

Турско-грчкото дерби во Истанбул му припадна на гостинот. Домашниот Башахшехир мининално со 0-1 беше поразен од Олимпијакос. Грчкиот шампион поведе со голот на Масурас во 53 минута. Сепак домаќините имаа можност преку удар од белата точка во 92 минута да стигнат до реми. Непрецизен беше домашниот играч Един Вишка, неговиот удар го одбрани голманот на грчкиот тим, Хозе Са.

Во Швајцарија Базел беше непријатно изненаден на домашен терен од австриски Линц, пораз од 1-2. Гостите во 50 минута поведоа со 0-1 со голот на Транер. Во 82 минута предноста на гостите ја дуплираше Клаус, а гол надеж за во реваншот постигна Зуфи во 87 минута.

Единствениот вечерашен меч на кој немаше победник се одигра во Романија. Домаќинот Клуж ремизираше со шкотски Селтик, 1-1.

Изненадувачки, Клуж поведе со 1-0 во 28 минута со голот на Рондон, но гостите по само 9 минути израмнија на 1-1. Стрелец на голот беше Форест. Со тој резултат заврши мечот, па предноста во реваншот, иако минимална е на страната на фаворитот во двомечот, Селтик.

Во последниот вечерашен меч, екипата на Марибор во Љубљана убедливо беше поразена со 1-3 од норвешки Розенборг.

Гостите поведоа во 50 минута со голот на Содерлунд. Само 14 минути подоцна истиот играч зголеми на 0-2.
Во 70 минута преку Таварез Марибор намали на 1-2, но веќе во следната минута Розенборг преку погоди за конечни 1-3.

Scroll to Top