Top Sport

Грожан: Ѓоковиќ, Надал и Федерер се вонземјани!

Поранешниот француски тенисер, кој своевремено беше четврти најдобар тенисер во светот, Себастијан Грожан даде интересно толкува за тројцата најуспешни тенисери на денешницата.

Грожан за француски „Лекип“ изјавил дека тие тројца не се од оваа планета.

„Кога тенисер доминира како што тоа моментно го прави Новак, тогаш мора да му се возхитувате и да го почитувате. Би требало да го фалите, исто како Роџер и Рафа. Тие се вонземјани“ – вели Грожан.

Вкупно, Федерер има 20, Надал 17, а Ѓоковиќ 15 гренд слем титули.

Најдобрите тенисери на светот моментно паузираат, но на терените ќе се појават веќе на почетокот на следниот месец кога на програмата се првин турнирот во Индијан велс, а многу брзо потоа и Мајами Опен.

Scroll to Top