Најуспешниот кинески клуб, Гвангжу Евергранде тргнува во офанзива по српскиот репрезентативец, Александар Митровиќ. Откако Кинезите не успеаја да го ангажираат Србинот во минатиот преоден рок, сега откако Фулам испадна од Премиерлигата, нудат уште повеќе пари само да го преселат голгетерот во Кина.
Од клубот нудат 60 милиони евра за трансфер од Фулам, со негова годишна плата од 10 милиони евра. Моментно неговата плата е третина од понудената.
Доколку клубот од Лондон се реши да го ослободи Митровиќ, на него ќе заработи 25 миллиони евра, затоа што тој во Фулам пристигна за обесштетување од 35 милиони евра од Њукасл.
Тренер на Гвангжу е прославениот италијански ас, Фабио Канаваро, а најголемите ѕвезди во тимот се Талиско и Паулињо.