Top Sport

Гвардиола: Не дојдов во Сити за да ја освојам Лигата на шампиони

Со денови во Англија се води дебата, што му е приоритет на Пеп Гвардиола со неговиот Манчестер Сити, титулата во Премиерлигата или трофејот во Лигата на шампиони?

Денеска, по се изгледа Шпанецот, ги разреши дилемите, на прес-конференцијата пред утрешниот реванш четвртфинален меч против Тотенхем.

„Знам дека луѓето зборуваат дека сум дошил овде за да ја освојам Лигата на шампиони, но верувајте ми, не сум тука поради тоа. Дојдов тука за да играм фудбал каков мојот тим игра во изминатите 20 месеци. Тоа е причината поради која сум тренер на Сити, да играме онака како што тоа сум го замислил“ – рече Гвардиола.

Не успеа „пехарот со уши“ да го крене со Баерн Минхен каде беше кормилар, но пред 8 години се радуваше со тимот на Барселона.

„Работев во голем клуб како Баерн, и по 3 сезони освоив се осве ЛШ. Тоа беше мој голем неуспех, но го прифатив тоа. Ако не успеам ниту сега, здравје боже, не е крај на светот, понекогаш мора да се прифати реалноста. Многу добри клубови сезонава не стигнаа ниту до четвртфиналето“ – смета тој.

Scroll to Top