Top Sport

Хамилтон најбрз на слободните тренинзи

Актуелниот светски првак, Луис Хамилтон, доминираше на слободните тренинзи, во пресрет на првата трка во новата сезона, Големата награда на Австралија. Зад Британецот беа Макес Ферстапен од Ред Бул и вториот возач на Мерцедес Валтери Ботас.

На првиот тренинг Хамилтон забележа време 1:24.026 минути, резултат кој за околу поповина секунда беше подбар од оној што го постигна Ботас. Во однос на Ферстапен, Хамилтон, имаше подобро време за 750 илјадити делови од секундата.

Британецот на вториот тренинг возеше 1:23.931 минути, време кое за 127 илјадити делови од секундата беше побрзо од резултатот на Ферстапен, трет заврши Ботас, а зад него беа возачите на Ферари Кими Раиконе и Себастијан Фетел.

Квалификациите за првата трка во сезоната ќе се возат в сабота од 7 часот по средно-европско време, а в недела во истиот термин ќе стартува трката за Големата награда на Австралија.

фото: EPA

Scroll to Top