Словачкиот фудбалски репрезентативец, Марек Хамшик заврши со Наполи, почнува нова авантура во Кина. Сепак не оди во Гуангжу Евергранде чиј стратег е Фабио Канаваро, туку Далиан Јифанг, со кормиларот Бернд Шустер.
Тимот од Неапол од продажбата ќе инкасира првично 15 милиони евра, а со бонуси таа сума може да се зголеми за десетина милиони евра.
Фудбалерот, кој веднаш стана мета на осуда, поради преселбата во Кина од финансиски побуди, годишно се очекува да заработува по околу 9 милиони евра.
Сепак тој вели дека во Кина не оди поради парите.
„Никогаш не сум ги земал парите во предвид. Не сакам да ме сметате за предавник. Поминав убави години во Неапол и дојде време за промена. Во Кина одам од емоции и чувства, најмалку поради финансиите“ вели Хамшик.
Во новиот клуб на Словакот е и Белгиецот Јаник Караско, кој сакаше да се врати во Европа.