Top Sport

Ханс Флик го има најдобриот старт во историјата на Баерн – 4 победи и 16:0

Ханс Дитер Флик (54) иако дојде на кормилот на Баерн Минхен како привремено решение по отказот на Нико Ковач, сепак има неверојатен старт со баварскиот клуб. Тој тргна со 4 победи во 4 меча и гол разлика 16:0.

Мрежата на Баерн последен пат се тресеше по поразот во Франфурт од Ајнтрахт од 5-1, во натпревар од Бундеслигата пред 25 дена. Флик на неговото деби на „Алијанц арената“ во Минхен го совлaда Олимпијакос со 2-0, во меч од ЛШ.

По 3 дена на истата локација падна Борусија Дортмунд со 4-0, па потоа Фортуна Диселдорф со 4 „парчиња“ во мрежата, а последниот убедлив триумф без примен гол беше синоќа (0-6) во Белград, против Црвена Звезда.

Пред актуелниот тренер на Баерн, најдобриот учинок во историјата на минхенскиот клуб го имаше Карло Анчелоти кој во Баерн стана тренер летото во 2016 година. Тогаш „Дон Карло“ тргна со победа од 2-0 против Борусија (Д) во Супер купот на Германија. Потоа следуваше гостински триумф во германскио Куп против Јена со 5-0. На почетокот на Бундеслигата Баерн го „здроби“ Вердер со 6-0, а славеше и во Гелзенкирхен со 2-0. Вкупната гол разлика што Анчелоти ја имаше тогаш е 15:0.

Баерн (М) во сабота на својот стадион го пречекува Баер Леверкузен. За Флик да биде најуспешниот во историјата на клубот по првите 5 меча треба да слави со 5:0 против гостите од Леверкузен.

Интересен е фактот дека во првите 4 меча на Флик на клупата на Баерн полскиот репрезентативец Роберт Левандовски постигна 7 гола. Ист број на голови истиот играч постигна и во екипата предводена од Анчелоти во сезоната 2016/17.

Scroll to Top