Top Sport

Харден на Бахамите, на сиромашна мајка со деца и подари 10.000 долари (видео)

Џејмс Харден не се одзва на повикот на Грег Попович да ги брани боите на САД на Мундобаскетот во Кина, но затоа ги израдува сиромашните луѓе на Бахамите.

Асот на Хјустон Рокетс во друштво на пријателите се провозе на Бахамите, па можеше да се увери дека на улиците има гладни кои за да се прехранат ловат риба.

Тука на сцена стапи големото срце на Харден, па кога видел мајка со деца во потрага по храна, без размислување им подарил 10.000 долари, пишуваат американските медиуми.

Има и видео записи од хуаниот гест на славниот кошаркар.

Scroll to Top