Top Sport

Хендерсон: Само ширеше раце, ќе го убиев Суарез!

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон стигна на „Енфилд“ летото 2011 година од Сандерленд, а денеска е водач на клубот кој минатата сезона го подигна пехарот во Лигата на шампионите.

Сепак, тој раскажува дека патот до „висините“ му бил страшно тежок, што поради неговите слаби игри, но и поради резултатите што „црвените“ ги имаа пред доаѓањето на Јирген Клоп на кормилото.

Во еден период, додека беа соиграчи, Хендерсон раскажува дека не можел да го поднесува Уругваецот Луис Суарез кој во тој период пристигна во Ливерпул од Ајакс и започна да ја покажува својата класа.

„Кога си фудбалер секогаш има критики и луѓе кои постојано се сомневаат во тебе. Во тоа време бев млад играч и имаше некои работи кои не ми се допаѓаа. Поради Суарез не се чувствував доволно добро. Постојано ги ширеше рацете во смисла `Што прави овој`. Ме болеше тоа. Трипати го направи тоа и тогаш експлодирав, бев подготвен да го убијам“ – вели Хендерсон.

Потоа, се се средило.

„На следниот меч му асистирав за гол, па потоа беше сјаен со мене, од тој момент имаме добри односи. Тој е еден од фудбалерите од кои многу научив“ – вели Англичанецот.

Scroll to Top