Top Sport

Херој на денот: Норвешки репрезентативец даде 9 гол на меч на СП (видео)

Младиот норвешки репрезентативец, Ерлинг Брот Халанд стана ѕвезда на денот. Тој денеска постигна дури 9 гола во победата на Норвешка над Хондурас од 12-0 на Светското првенство за играчи до 20 години.

Центарфорот на Салцбург кој потекнува од школата на Молде само во првото полувреме постигна 4 гола.

Со оглед на физичките предиспозиции, Халанд го нарекуваа „новиот Златан Ибрахимовиќ“.

Освен неговите девет погодоци, прецизно стрелаа за Норвешка и Лео Остигор, Јенс Хауге и Еман Марковиќ.

Норвешка со оваа победа остана во игра за место во нокаут-фазата на Мундијалот.
https://youtube.com/watch?v=_hyoH27PHVY

Scroll to Top