Top Sport

Херој на годината, двапати го победи ракот и му се врати на фудбалот (видео)

Неверојатна животна судбина го погоди фудбалерот на Атлетик Билбао, Жера Алварес. Иако тој има само 24 години, двапати се соочи со рак на тестиси и двапати излезе како победник.

Во клубот од „Сан Мамеш“ стигна во 2008 година кога имаше 11 години. По цели 13 години зад себе има две големи животни победи. Сега заслужи да потпише нов договор и тоа на неверојатни 7 години.

Притоа стана и третиот највреден играч на клубот, неговата откупна клаузула е 70 милиони евра.


„Откако се родив, моето срце е црвено-бело. Младинската школа на Атлетик ми ја отвори вратата кога имав 11 години“ – рече Алварес.

Scroll to Top