Синоќа во двата воведни меча од 17 коло во шпанската Примера фудбалерите на Џирона и Хетафе одиграа нерешено, 1:1, додека пријатното изненадување Алавес славеше на „Сан Себастијан“ кај Сосиедад со 0:1.
Хетафе со голот на Анхел во 61 минута поведе, а домаќините израмнија на 5 минути до крајот на мечот поставувајќи го конечниот резултат.
Овој резултат му одеше во прилог на Алавес кој со голот на Калери во 11 минута ги собра трите бода кај Реал Сосиедад и со нив се зацврси на петтата позиција на табелата во Примера.