Уште еден драматичен натпревар, кој беше решен во последната секунда, вечерва се одигра во Групата 2. Откако Македонија со голот на Кузмановски во последната секунда избори реми 29:29 со Австрија, Холандија го победи Катар со 38:37.
Холандија влезе во дуелот како фаворит, меѓутоа репрезентативците на Катар одиграа одличен натпревар, најчесто беа во предност, а „лалињата“ дури во вториот дел фатија приклучок.
Последните две минути започнаа со предност на Холандија од два гола, но Катар со голот на Хеиба на 18 секунди до крајот изедначи (37:37). Победата на Холандија и ја донесе Вестејен со скок шут од девет метри во последната секунда.
Баен постигна девет, Стеинс осум, а тен Велде седум гола за Холандија. Катар го предводеше Марковиќ со осоум гола.
Холандија сега има четири бода, Катар се уште е без освоен бод во новоформираната група.