Top Sport

Хозе Толедо е опериран, стартни проблеми за Писонеро во Вардар(фото)

Хозе Толедо (25), десниот бек на европскиот ракометен шампион, скопски Вардар ќе биде надвор од терените три месеци.

Тој на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија по операција, од болница, под која објаснува дека ќе мора да паузира поради повреда на коленото.

„Три месеци надвор поради повреда на ‘рскавицата. Ова не e начинот на кој очекував да ја започнам сезоната, но…ќе се вратам посилен. Што не те убива, те прави посилен“ – напиша Толедо под фотографијата.

Ова претставува првиот посериозен проблем за новиот стратег на „црвено-црните“, Писонеро кој ќе мора да се потпре само на услугите на Даинис Кристопанс на десната бековска позиција се додека Толедо не закрепне по операцијата.

Инаку, планирано е Вардар наредната недела да одигра пријателски меч со АЕК, а конторла ќе одигра и со битолски Еурофарм Работник.

Кон крајот на месецот, „црвено-црната“ чета се очекува да се упати кон Саудиска Арабија на Супер Глоуб турнирот.

Scroll to Top