Top Sport

Храбро реми за Џенова кај Наполи, Пандев со топ-асистенција (видео)

Екипата на Џенова одигра реми со резултат 1-1 кај фаворитот Наполи во 31 коло од италијанската Серија А.

Гостите од 28 минута беа со играч помалку на теренот, исклучен беше Стураро.

Наполитанците дојдоа во водство во 34 минута, прецизно стрелаше Мертенс. Џенова не се предаде, уште во првото полувреме донесе егал резултат.

Се играше третата минута од судиското надополнување на првото полувреме. Благодарение на нафрлената топка од левата страна што ја упати капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, Србинот Данко Лазовиќ прецизно биеше покрај немоќниот голман.

Во второто полувреме немаше големи шанси за гол па двата тима поделија по еден бод.

Горан Пандев излезе од игра во 62 минута од мечот.

Scroll to Top