Top Sport

Хрват во „коцкаст“ дрес навиваше за Србија во Кина (фото)

Мечот меѓу Србија и САД на Мундобаскетот во Кина одлучуваше за пласман од 5 до 8 позиција (Србите славеа победа со 94-89), но пред арената и на трибините вниманието го привлече навивач облечен во дрес на Хрватска.

Тој за српските медиуми раскажа како се нашол во салата и зошто на мечот го веел српското знаме.

„Живеам во Гвангжу, па дојдов овде. Инаку сум од Сплит. Братство и единство, секако“ – одговорил Хрватот чија сопруга е Србинка.

Scroll to Top