Top Sport

Ибрахимовиќ: Јас сум најголемата закана за секој противник, еден е Златан

Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ во интервју за американски „ДАЗН“ ја коментира МЛС – лигата во која настапува, а открива и кој е неговиот придонес за лигата кога се развива во елитно фудбалско натпреварување.

„Не сум јас овде изненадување, јас сум легенда. Во оваа лига сега можете да гледате работи кои не сте можеле да ги видите во првата сезона, борбата за титула никогаш не била подобра. Не гледам фаворит а титулата, а во тоа е убавината на МЛС. Сметам дека јас сум најголемата закана за секој противник, еден е Златан. Има многу добри играчи, а јас сум само еден“ – вели Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот со балкански корени досега има 39 настапи за ЛА Глакси во МЛС лигата на кои постигна дури 33 гола.

Scroll to Top