Top Sport

Ибрахимовиќ порача дека во САД ќе ја заврши кариерата

Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ кој моментно настапува во МЛС во САД, претходните месеци наголемо се шпекулираше дека од јануари ќе го засили Милан. Сепак кога се чинеше дека трансферот е готов, Швеѓанецот сепак реши да остане во ЛА Галакси.

Ибрахимовиќ нагласи дека сака кариерата да ја заврши во МЛС.

„Јас не го напуштам клубот. Мојата прва сезона беше само загревање, другата ќе биде поинаква. Физички се чувствувам подобро, овде дојдов да ја завршам кариерата“ – рече Ибрахимовиќ.

Фудбалерот годинава во дресот на ЛА Галакси постигна 22 гола, надополнети со 10 асистенции на вкупно 27 натпревари.

Scroll to Top