Избран е и четвртиот член на најдобриот тим во кошаркарската Евролига за последната деценија, од 2010, до 2020 година. Се работи за грчкиот плејмејкер, играчот на Панатинаикос, Димитрис Дијамантидис, соопштено е на официјалниот сајт на Евролигата.
Гркот трипати беше шампион на Европа со Панатинаикос, во 2007, 2009 и 2011 година, а за МВП беше прогласен во 2011 година.
Дијамантидис двапати беше најкорисен играч на Ф4, а четирипати во првиот тим на Евролигата, шестпати како најдобар дефанзивец, а двапати како најдобар асистент.
Дијамантидис кој кај „детелинките“ помина 12 сезони беше дел од тимот на деценијата и во периодот од 2000 до 2010 година.
Пред него, беа избрани уште тројца кошаркари во идеалниот тим на деценијата. Станува збор за Кајл Хејнс од ЦСКА Москва, екс-кошаркарот на Барселона, Хуан Карлос Наваро и екс-играчот на Реал Мадрид, Лука Дончиќ.