Top Sport

Играчите на Реал добиле вредни подароци

Фудбалерите на Реал Мадрид, трета сезона по ред, ќе играат во финалето во Лигата на шампионите. Не е познато како ќе бидат наградени доколку во Киев ја освојат титулата против Ливерпул, но познато е какви подароци добија за минатогодишната титула.

За освојувањето на 12.титула во елитното натпреварување, покрај паричната награда од 600.000 евра, секој фудбалер од клубот добил и часовник „Ролекс“.

Реал купил 30 часовници „Ролекс“ за сума од 720.000 евра, а награден бил секој играч што учествувал од одбрана на титулата.

На секој часовник, на задниот дел, е изгравирано „Duodecima“.

Scroll to Top