Фудбалерите на Јувентус, Гонзало Игуаин и Родриго Бентанкур го напуштија карантинот и со авион отидоа за Аргентина.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“ тие двајца „избегале“ од изолацијата. На аеродромот во Торино ги запрела полицијата, но им покажале на органите документ дека не се позитивни на коронавирусот, по што им било дозволено да ја напуштат Италија.
За потсетување, двајца нивни колеги од тимот, Даниеле Ругани и Блез Матиуди се позитивни на опасниот вирус.
Игуаин и Бентанкур имале контакти со двајцата заразени, па периодот на инкубација не е поминат. Сепак Игуаин инсистирал да го пуштат да си оди за да ја посети болната мајка во татковиата.
„Тутоспорт“ пишува пак дека и Јувентус е вклучен во приказната затоа што од клубот им обезбедиле приватен авион.
Двајцата фудбалери од Италија преку Франција стигнале до Шпанија, каде со авион се упатиле кон Јужна Америка.
Останува да се види како ќе биде (и дали ќе биде) санкционирање нивното однесување.